„ВРЗАНА Е ЗА КРЕВЕТ!“ МАДОНА СЕ УШТЕ Е ВО ЛОША СОСТОЈБА: Постојано повраќа, не може ни да стане!

popara30 јуни, 20231min00
676 (1)

Пејачката Мадона (64) се уште се бори со бактериска инфекција, поради која пред неколку дена заврши во болница.

Според „TMZ“, извори блиски до пејачката откриле дека Мадона е „врзана за кревет“ и постојано повраќа. Како што тврдат, пејачката во саботата почнала да повраќа, а во еден момент се онесвестила.

Извори открија за „Page Six“ дека пејачката не реагирала на околината за време на нејзиниот престој во болница и дека морала да биде интубирана најмалку една ноќ. Причината за нејзината инфекција, наводно, биле подготовките за турнеја, која на крајот била одложена поради нејзината болест.

Мадона на подготовките работела по 12 часа дневно. „TMZ“ претходно објави дека здравјето на пејачката веќе некое време е загрозено и дека речиси еден месец се бори со треска. Пејачката ги игнорирала сите знаци на болест и не отишла на лекар за целосно да се фокусира на турнејата која требаше да започне на 15-ти јули.

Дека состојбата на Мадона е сериозна говори и податокот што веднаш по нејзиното заминување во болница, нејзиниот менаџерскиот тим имал кризен состанок. Тие се согласиле да ја одложат турнејата поради стравувањата дека пејачката нема да ја преживее инфекцијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag