Доаѓа третото бебе: Славниот комичар се препороди откако стана татко

popara2 јули, 20231min00
o_29614149_1280

Британскиот комичар летово ќе го добие третото дете, а додека го создаде стенд-апот „Re:Birth“ на тема татковство, сега британскиот комичар Расел Бренд ќе има уште повеќе материјал за приказната за тоа како децата го промениле на подобро.

Неговиот живот се преврте наопаку откако стана татко за прв пат во 2018 година. Со писателката и основач на лајфстајл магазинот „The Joy Journal“, 36-годишната Лаура Галачер, тој имаше две ќерки, шестгодишната Мејбел и четиригодишната Пеги. Секако, неговите девојки го инспирираа да започне стенд-ап. На неговиот карактеристичен откачен начин, поранешниот љубител на забавата сега на сцената зборува за тоа како неговите деца го промениле неговото секојдневие и го навеле да стане одговорен татко. Сега комичната приказна на Бренд за повторното раѓање заради децата ќе стане уште поинтересна бидејќи наскоро има нов додаток на семејството. 48-годишникот ја потврди добрата вест за време на гостувањето во подкастот „CEO Diary“ на Стивен Бартлет.

„Се заљуби и имаш две деца, а доаѓа уште едно“, му рекла водителката. „Третото е скоро тука“, се пофали комичарот, кој обично е затворен кога е во прашање неговиот приватен живот. Сепак, овој пат тој беше повеќе зборлест.

image

“Моите деца ме научија дека на овој свет има многу поважни работи од мене. Ме научија дека љубовта е вистинска. Таа те учи на се што ти треба за да бидеш добар татко. Сите лекции се таму”, рекол Бренд.

Бракот со британската писателка е неговата „втора среќа“. Пред 13 години тој беше во брак со американската поп-ѕвезда Кети Пери, од која по само една година брак побара развод преку порака. Тој не откри зошто, а во една прилика изјави само дека „навистина се трудел во оваа врска и дека кон неа има само позитивни чувства“.

image

Кети Пери прва проговори за разводот во документарниот филм „Part of Me“ и изјави дека ги разделиле (пре)зафатените работни распореди и фактот дека таа не била веднаш подготвена за деца, но тој бил. Во 2017 година, по нивниот развод, комичарот се омажи за Британката Лора Галачер, додека поп-пејачката се сврши со својот партнер, холивудскиот актер Орландо Блум во 2019 година. Тие станаа родители на ќерката Дејзи во август 2020 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma