Дали турнејата на Тејлор Свифт ќе стане најпрофитабилната досега во историјата на музиката?

popara2 јули, 20231min00
2036560

Откако се појави на сцената, пејачката Тејлор Свифт не ги напушти првите топ листи на најслушани песни, а нејзината последна турнеја сведочи за нејзиниот успех. Свифт има неверојатно голема база на обожаватели ширум светот, а тие се причината поради која младата пејачка би можела да биде името кое најмногу заработило на една турнеја.

На сите им е јасно дека последната турнеја на Тејлор Свифт е онаа која засекогаш ќе го промени нејзиниот статус во музичкиот свет, па дури и може да го заземе првото место како концертна турнеја со најголема заработка во историјата. Се зборува дека пејачката наскоро ќе го престигне Елтон Џон и со своите настапи ќе заработи дури и повеќе од милијарда долари.

Американската турнеја ги собори рекордите на Ticketmaster со продажба од два милиони за еден ден, а сега, на задоволство на многумина, додаде европски датуми.

Цените на билетите на Свифт се движеа од 50 до скоро 900 долари за ВИП пакети на американскиот дел од турнејата. Се проценува дека Свифт ќе донесе меѓу 40-60 отсто од заработката на концертот, што значи дека само пејачката ќе заработи помеѓу 350 и 500 милиони долари.

Taylor Swift

Актуелниот рекордер за концертна турнеја со најголема заработка е петгодишната светска турнеја на Елтон Џон „Farewell Yellow Brick Road“. Тоа е голема турнеја со која Џон реши да се збогува со својата публика. Турнејата завршува следниот месец и има заработено повеќе од 887 милиони долари. Пред тоа, рекордот го држеше Ед Ширан, кој имаше турнеја од 2017 до 2019 година и заработи рекордни 776 милиони долари.

Нејзината претходна турнеја на стадионот со најголема заработка беше „Reputation Stadium Tour“ која се одржа од мај до ноември 2018 година и заработи неверојатни 345,7 милиони долари.

Славата на Тејлор Свифт не паѓа, а тоа го покажуваат социјалните мрежи кои брмчат по нејзините спектакуларни настапи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma