Почина оскаровецот Алан Аркин, симпатичниот дедо од „Little Miss Sunshine“

popara2 јули, 20231min00
f_29608965_1280

Познатиот американски актер Алан Аркин, добитник на наградите Оскар и Тони, почина на 90-годишна возраст, потврдија за People неговите синови Адам, Метју и Ентони, но не ја прецизираа причината за смртта. Аркин глумеше во цела серија филмови, а на широката публика веројатно и е најпознат по улогата на саканиот дедо во дисфункционално семејство во комедијата „Little Miss Sunshine“ (од 2006 година), за која ја освои наградата Оскар за најдобра споредна машка улога.

Интересно е што во филмот се појавува само 14 минути, но сите се сеќаваат на него како дедото ја подготвувал својата внука (која ја игра Абигејл Бреслин) да настапи на натпреварот за девојки. Запаметена е и улогата на Аркин во политичката драма на Бен Афлек „Argo“ од 2012 година, за која ја заработи четвртата номинација за Оскар. Беше активен, така да се каже, до последен момент – од 2018 до 2021 година, глумеше во серијата на Нетфликс „The Kominsky Method“ заедно со Мајкл Даглас и заработи номинации за Еми, Златен глобус и SAG, Screen Actors Guild Award.

Алан Аркин е роден во Њујорк на 26 март 1934 година, а кога бил дете семејството се преселило во Лос Анџелес. Сменил неколку факултети, но ниту еден не завршил, а по една музичка епизода со фолк групата „Tarriers“, решил да се обиде како актер, бидејќи од детството земал часови по глума. Во Чикаго во 1960 година, тој се приклучил на една комична трупа, која, како што рече, му го спасила животот, а потоа стигнал до Бродвеј, каде што многу брзо бил награден за неговата глума, а потоа следувале неговите први телевизиски и филмски улоги. Низ својата богата кариера глумеше во повеќе од стотина филмови, меѓу најпознатите наслови се „The Heart Is a Lonely Hunter“, „Catch-22“, „Edward Scissorhands“… Беше во брак три пати, а неговиот син , 66-годишниот Адам Аркин, исто така познат е актер и режисер.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma