Ким Кардашијан неодамна објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм, предизвикувајќи хистерија кај многубројните фанови.
Имено, таа го искористи слободното време за да ги потсети следбениците на своето постоење, како што напиша.
Тоа го направи со објавување на неколку атрактивни фотографии на споменатата мрежа, кои, судејќи по коментарите, предизвикаа лавина коментари од бројните следбеници на ликот и делото на Ким Кардашијан.
„Само за потсетување“, напиша таа под фотографијата на која носи тиркизно бикини.
Инаку, фотографиите со облините во преден план доаѓаат само неколку дена откако Ким по којзнае кој пат беше обвинета дека претерала со фотошопот – и се чини дека тоа не влијае на неа.