Секој има свој пар, само еден не
Веруваме дека вашата прва асоцијација со името „Дудолф“ се криенки, мозочни закачки и интересни илустрации.
Унгарскиот уметник секогаш објавува илустрации во согласност со ситуацијата, па сега нацртал освежителни сладоледи во име на топлите денови.
На илустрацијата се нацртани 63 сладоледи и секој сладолед има свој пар, поточно Дудолф за секој сладолед нацртал „близнак“.
Сепак, еден сладолед е уникатен и се разликува од останатите, а на вас останува да го најдете.
Моменталниот рекорд е 17 секунди.
Ако мислите дека можете побрзо од тоа, земете стоперка и пробајте.
Ако сè уште не можете да го најдете, погледнете го решението подолу.