Изгоревте на сонце?!? Две природни состојки се спас, но важно е кога ги нанесуваме

popara3 јули, 20231min00
31177_shutterstock-458207677_f

Ако го нанесете прерано по изгореницата, може да ја влошите болната, отечена, изгорена кожа со задржување на топлина

Прекумерното изложување на сонце нема да ја направи вашата кожа поубава и исончана, туку може да ви направи само дополнителен проблем – изгореници. После тоа останува само црвенило, чешање и печење на кожата. Доколку не сакате да бидете „црвени како рак“, избегнувајте прекумерно сончање во периодот од 11 до 16 часот, бидејќи тогаш се најсилни УВ зраците, а ако веќе е доцна и вашата кожа е оштетена, ова се советите на дерматолозите.

Имено, дерматолозите сугерираат дека алое верата и кокосовото масло можат да помогнат во ублажување на изгорениците и намалување на лузните предизвикани од преголемото изложување на сонце, пишува „Well and Good“. Сепак, дерматологот Гита Јадав, основач на „FACET Dermatology“, вели дека кога го нанесуваме кокосовото масло е исто така важно.

„Ако го нанесете прерано по изгореницата, може да ја влошите болната, отечена, изгорена кожа со заробување на топлината. Затоа препорачувам прво да користите алое вера, а потоа кокосово масло“, објаснува таа.

Ова значи дека ако се грижите за изгорената кожа, воздржете се од нанесување кокосово масло и држете се до ладење со алое вера или крема за сончање.

„Алое верата ѝ овозможува на кожата да дише и најдобро е да се користи на почетокот, за изгореници. Кокосовото масло е подобро да се користи во подоцнежните фази на закрепнување на изгорениците, кога кожата се лупи“, советува Јадав.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma