Дрес-код бело за Денот на независноста
Многу познати личности се собраа на забава во Хемптонс по повод Денот на независноста. Лопез (53) се појави со сопругот Бен (50) и неговата ќерка Вајолет (17), сите облечени во бело.
Џенифер носеше долг бел фустан со отворен грб кој имаше исечок и напред, што го откриваше нејзиниот затегнат стомак. Косата и беше залижана во репче, а како накит носеше златни алки и ѓердан, додека во раката имаше мала бела чанта.
Вајолет беше во тон со нејзината маќеа, облечена во бел лелеав фустан, додека Бен беше елегантен во бела маица и панталони со сако, а на нозете н осеше патики.
Некои од другите познати личности од А-листата во Холивуд беа: Ким Кардашијан, Кендал Џенер, Џастин и Хејли Бибер, Џеј Зи, како и Том Брејди и Емили Ратајковски.
Кодот на облекување на оваа приватна забава, организирана од милионерот Мајкл Рубин, беше бела боја, бидејќи и сите останати гости биле облечени исклучиво во оваа боја.