„Намалете ги вашите очекувања“ и уште два љубовни совети кои никогаш не треба да ги послушате

popara4 јули, 20231min00
676 (1)

Секој има што да каже за љубовта. И скоро секој би можел да ви даде некој совет.

Сепак, многу луѓе имаат тенденција слепо да веруваат во она што им се кажува, а тоа не е многу добро.

Избравме неколку совети кои навистина никој не треба да ги слуша.

Важно е да се сакате, ништо друго не е важно

Убаво е да се помине животот во романтичен дух, но колку и да е силна љубовта, за жал, од неа не се живее. Тажниот факт е дека можете некого лудо да сакате, а тој да е тотално погрешен избор за вас, поради повеќе причини. Ако не ве почитува, не ве цени и омаловажува, ако е агресивен и не поминува со вас онолку време колку што треба, не толерирајте го тоа. Ќе дојде некој кој ќе го направи сето тоа и повеќе отколку што очекувате.

Љубовта не се бара, љубовта те наоѓа

Секогаш истата друштвена екипа, на едно исто место, не се вистинското решение за наоѓање партнер. Обидете се да ги проширите вашите хоризонти. Променете го кафулето, поканете стар пријател кој долго време не сте го виделе. Не двоумете се да запознаете нови луѓе во клуб, кафеана… Никогаш не знаете каде ќе го запознаете „вистинскиот“.

Намалете ги вашите очекувања

Сосема е нормално и логично да сакате партнер кој ќе ги исполни критериумите кои ги сметате за многу важни. Не треба да отстапувате од тоа, ниту да ги намалувате критериумите и да бидете со некој што не е како вас. Подобро е да сте сами отколку да поминувате време со луѓе со кои не гледате иднина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag