3 брзи трикови како да препознаете слатка лубеница уште пред да ја исечете

popara4 јули, 20231min00
62580578-lubenica

Сочната лубеница лесно се препознава по бојата на „месото“, но кога оваа летна намирница е во едно парче, тоа не е најлесната работа. За бирење зрела лубеница потребна е малку среќа, а овие едноставни трикови ќе ви помогнат.

Дали лубеницата има дамка

Дали забележавте дамка на површината на лубеницата? Таа го претставува местото каде што лубеницата лежела на земја за време на созревањето. Најзрелите лубеници имаат жолтеникава дамка, додека оние кои се со бела или светло зелена боја треба да се избегнуваат бидејќи се набрани пред да созреат. Не купувајте лубеница која нема никакви дамки на површината.

Изберете овошје без оштетување

Површината на лубеницата треба да има темно зелена боја, тврда на допир, мазна и без видливи оштетувања. Мека површина е сигурен знак дека овошјето почнало да гние, а избегнувајте сува површина која ја изгубила сета своја сочност и слаткост. Овошјето треба да биде асиметрично, а оние со необични грпки препуштете ги на некој друг.

Тестирајте ја тежината на лубеницата

Можеби не можете да носите тешка лубеница дома, но најмногу внимание треба да му посветите на најтешкото овошје. Дури 92 отсто од лубеницата е вода, па така најсочните плодови се и најтешки. Соберете неколку лубеници со иста големина и најтешката однесете ја дома. Таа ќе биде најслатка и најсочна!

Погледнете го видеото како да препознаете сочна лубеница и како брзо да ја исечете за летно освежување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag