Здравите емотивни врски се несомнено еден од најубавите аспекти на животот. Меѓутоа, кога врската станува токсична, може да остави длабоко влијание врз нашата ментална состојба.
Во денешната дигитална ера, каде што многу врски започнуваат на социјалните мрежи и каде, за жал, секој аспект од животот се споделува онлајн, овие платформи можат значително да влијаат на кревкоста на нашите односи. Тие станаа составен дел од нашите односи, вклучувајќи важни датуми како запросувања, годишнини, па дури и најави за раскинување.
Поради ова, животот на социјалните мрежи понекогаш ни дава увид како некој се однесува и можеме да направиме споредба со некои други парови.
Колку всушност има влијание користењето на социјалните мрежи врз емотивниот живот, партнерот и врската?
Љубомора и несигурност
Гледајќи го вашиот партнер како комуницира со други на интернет или коментира на објави, може да направи другата личност да се чувствува љубоморна и несигурна.
Недостаток на приватност
Понекогаш паровите може ненамерно да споделат приватни детали или интимни моменти кои треба да ги задржат за себе. Овој недостаток на приватност може да доведе до нарушување на довербата.
Погрешна комуникација
На онлајн комуникацијата недостасуваат интеракции лице в лице, што го олеснува настанувањето на недоразбирањата. Тонот и намерата може погрешно да се протолкуваат низ пораките, што доведува до конфликт или повредени чувства.
Зависност
Трошењето премногу време на социјалните мрежи може да доведе до занемарување на реалните односи. Ако едниот партнер е преокупиран со онлајн активности, тоа може да доведе до запоставување и недостаток на квалитетно време.
Флерт или неверство?
Несвесно, може да влезете во флерт или емотивно неверство преку допишување со луѓе на социјалните мрежи. Леснотијата на поврзување со другите и анонимноста на онлајн интеракциите може да ги направи примамливо некои да бараат внимание или да формираат врски надвор од постоечките врски.