Ова е решението, пишува американски магазин.
Многу луѓе ја чуваат лубеницата во фрижидер откако ќе ја купат, но ова не е најдобриот начин да се зачува нејзиниот вкус и свежина.
Доколку се одлучите да го направите тоа, ќе забележите дека мирисот на лубеницата е различен, како и дека и е променета бојата.
Како што пишува американскиот магазин „Real Simple“, еден од начините да го зачувате квалитетот на лубеницата е да го чувате ова овошје на собна температура, па ќе остане свежо и непроменето дури и неколку дена.
По одреден период, кога сте свесни дека повеќе не може да остане на собна температура, пожелно е да ја чувате во замрзнувач, да ја ставите во сад со капак откако ќе ја исечете на помали или поголеми парчиња.
Фрижидерот може да биде идеално решение доколку сакате да го разладите ова летно освежување пред јадењето.