За сирупот да трае што подолго, покрај шеќер, потребно е да додадете и малку конзерванс и сок од лимон.
Покрај сокот од бозел и вишни, домаќинките на нашите простори секое лето подготвуваат и сируп од кајсија.
Рецептот за подготовка со текот на времето претрпел модификации, па денес се подготвува со рачен миксер и мала количина шеќер, но таквиот сок може да трае само десет дена.
Доколку сакате да го израдувате вашето семејство со старомоден сируп од кајсија кој ќе го послужите и во текот на зимата и следната пролет, следете го овој рецепт.
Состојки:
2 кг кајсии
1.5 кг шеќер
1.5 л вода
половина кесичка лимонтус
половина кесичка конзерванс
Подготовка:
Измијте ги кајсиите, а потоа извадете им ги семките. Сомелете ги половините од кајсија во машина за месо, додадете шеќер и вода и оставете да отстојат еден час.
Садот со кајсиите, шеќерот и водата ставете го на шпорет да проврие, па намалете ја јачината и продолжете да варите на средно висока температура уште половина час. Додека сирупот е топол, процедете го низ ситна цедалка, па вратете го во тенџерето и оставете го да се вари уште пет до десет минути.
Исклучете го шпоретот, додадете го сокот од лимон и конзервансот во садот со сирупот, добро измешајте и додека сирупот е уште топол, истурете го во стаклени шишиња, цврсто затворете ги и чувајте ги на ладно и темно место (не во фрижидер).
Разредете со саканата количина на вода и уживајте во вкусот.