Бредли тогаш го играше Дрејк, момче кое имаше кратка афера со Кери Бредшо, играна од Сара Џесика Паркер
Бредли Купер можеби е еден од најголемите водечки луѓе во Холивуд денес, но на почетокот на неговата кариера, се случувало и да излаже за да добие работа.
Во емисијата „Watch What Happens Live“, актерката Синтија Никсон се присети на појавувањето на Купер во епизодата од втората сезона на „Сексот и градот“ што се емитуваше во 1999 година.
Бредли тогаш го играше Дрејк, момче кое имаше кратка афера со Кери Бредшо, играна од Сара Џесика Паркер.
Една сцена, се сеќава Синтија Никсон, барала од Купер да вози стар спортски автомобил со рачен менувач – нешто што актерот сè уште не го совладал.
„Тој им кажа дека знае да вози со мануелен менувач бидејќи тоа му беше прва работа и очајно сакаше да ја добие. И тогаш беше време да го запали автомобилот и рече: „Не знам како да возам со рачен менувач“.
Зборувајќи за Бекстејџ во 2012 година, самиот Купер ја призна лагата, велејќи дека иако ги усовршил своите вештини во автошкола во Њујорк непосредно пред снимањето на епизодата, му било тешко да вози со мануелен менувач.
„Мислев дека се добро помина кога учев на Фолксваген, но тогаш возев кабриолет Порше од 1962 година каде кумплунгот беше како да возам автобус. А ја имав Сара Џесика Паркер на совозачкото седиште“, изјави тогаш Бредли Купер.
Со малку дополнително вежбање и помош, Купер успеал да ја заврши сцената – а искуството помогнало да се зацврсти неговата страст за глума.
Купер, се разбира, беше само една од многуте гостински ѕвезди во „Сексот и градот“ кои доживеаја голем успех на телевизија и на големото платно.