Една година откако предизвика бурни реакции појавувајќи се во целосно проѕирен фустан на ревијата на висока мода на модната куќа „Валентино“, актерката Флоренс Пју го следеше идентичниот моден рецепт на новата ревија на брендот во Париз.
Кога во 2022 година во Рим на претставувањето на колекцијата висока мода на модната куќа Валентино се појави во лелеав и целосно проѕирен фустан, не мораше долго да се чека на реакцијата на јавноста.
Овој вирален моден момент оваа барана британска актерка во Холивуд реши да го повтори во Париз, на претставувањето на колекцијата висока мода на Валентино за новата сезона есен/зима.
Розевиот фустан од 2022 година го замени со боја на лаванда, со лелеавиот дизајн и истата проѕирност која остави малку на фантазијата.
Спојувајќи го со црни парчиња во вид на вртоглаво високи потпетици и чанта со сјајни детали од конец, Пју ја покажа својата фигура и новата фризура на новото шоу на Валентино.
На овогодинешното издание на гламурозниот Мет Гала бал во Њујорк, Пју дебитираше со избричена глава, а потоа ја претстави кратката фризура во Париз во розов фустан, според многумина како почит на минатогодишниот скандалозен изглед на ревијата на Валентино одржана на Шпанските скали во Рим.
„Тоа не е прв пат, и сигурно нема да биде последен пат кога една жена ќе слушне што не е во ред со нејзиното тело од еден куп непознати, она што е вознемирувачко е колку некои од вас мажите можат да бидат вулгарни“, напиша Пју еднаш на Инстаграм, осврнувајќи се на розовиот изглед на Валентино со кој целосно ги откри градите.