Маска од банани за опоравување на косата: Може да ви помогне да го намалите оштетувањето и се прави од само неколку состојки!

popara6 јули, 20231min00
05d4ff543c8c1e5f474b2d76f51886dcd6405ebb

Омиленото овошје на многумина, бананата, може да се искористи за подготовка на маска која ќе ви помогне да ја опоравите косата, особено сувата и онаа оштетена од боење.

Бананата е богата со магнезиум, цинк, железо, јод, калиум, витамини А, Б, и Е, така што нејзиниот ефект ќе го забележите по само неколку третмани, односно дека вашата коса е посјајна и побујна.

За подготовка на маската потребни ви се: една банана, три лажици мед, четири лажици маслиново масло и три лажици млеко.

Најпрво со вилушка изгмечете ја бананата (можете и да ја изблендирате), потоа додадете мед, па млеко загреано на собна температура и маслиново масло.

Сè убаво измешајте, пред миење намачкајте на сува коса и добро втријте ја. По половина час исплакнете ја косата со млака вода, а потоа измијте ја како и обично.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma