Харисон Форд е само неколку дена до наполнувањето на 81 година, а неговиот петти и последен филм за Индијана Џонс моментално се прикажува во кината ширум светот.
И Том Круз – кој го прослави својот 61-ви роденден оваа недела на премиерата на неговиот најнов филм „Невозможна мисија: Одмазда – 1 Дел“ во Сиднеј, Австралија, вели дека сака да продолжи да снима акциони филмови до својата 80-та година.
Зборувајќи за Sydney Morning Herald на црвениот тепих, Круз ја пофали долговечноста на Форд и рече дека се надева дека ќе ги постигне истите подвизи.
“Харисон Форд е легенда. Се надевам дека се уште ќе глумам. Имам 20 години да го стигнам”, рекол Круз, додавајќи:
„Се надевам дека ќе продолжам да снимам филмови Невозможна мисија додека не стигнам до негова возраст“, рекол актерот, пренесува „Дејли мејл“.