Во денешно време, кога сите имаме брз начин на живот, популарните смути пијалоци и природните сокови се вистинско уживање за нашето тело. Освен што не принудуваат секојдневно да консумираме свежо овошје и зеленчук, тие на нашиот организам му ги обезбедуваат сите потребни состојки кои се многу важни за неговата нормална работа.
Витамините, минералите и влакната можете да ги добивате во „течна“ форма со помош на блендер и соковник, но сепак има разлики меѓу нив. Откријте кои се тие.
Соковник:
1. Со цедењето ги одвојувате влакната од сокот и добивате вистинска инфузија на витамини, минерали и други хранливи материи кои вашето тело ги вари со голема брзина.
2. Соковите се лесно сварливи и на овој начин го „одморувате“ веќе преоптоварен дигестивен систем.
3. Со сок од овошје и зеленчук ги отстранувате влакната, но затоа користите многу повеќе намирници во само една чаша.
4. Исцедениот сок не го заменува оброкот туку го надополнува.
5. Чаша сок пред или помеѓу оброците е совршена дневна доза.
Блендер:
1. Смутито е богато со влакна од овошје и зеленчук и содржи бројни хранливи материи
2. Соковите од блендерот се густи и хранливи и ја поттикнуваат и ја забрзуваат работата на дигестивниот систем.
3. Густата напивка е идеална замена за ужина бидејќи ве држи сити и му дава енергија на телото, а можете да го збогатите со јогурт и разни јаткасти плодови.
4. Смутито го балансира нивото на шеќер во крвта и е одличен сојузник за слабеење.
5. Чаша кремаст пијалок дневно помеѓу појадок и ручек или за доцна вечера е совршената дневна доза.