Модната куќа Валентино избра навистина магична локација за да ја претстави својата нова колекција. Во прекрасниот амбиент на францускиот замок Шантили беа претставени креации потпишани од креативниот директор Пјерпаоло Пичоли.
„Донекаде е парадоксално да се одржи шоу на историско место кое го сметаме за метафора за статусот и моќта, симболи кои треба да се преиспитаат и да се стават во нов контекст“, рече Пичоли, истакнувајќи дека парадоксите и едноставноста биле два концептуални двигатели при дизајнирањето на оваа колекција на висока мода за есен 2023. година.
Сè се сведува на маскирање на напорот потребен за да се постигне едноставност, додаде тој.
Оваа филозофија беше сумирана со првиот изглед во колекцијата. По тригодишна пауза, Каја Гербер се врати на ревиите за висока мода и дебитираше облечена во навидум едноставна комбинација од бела кошула и фармерки.
Овие панталони од свилен газар всушност не се фармерки, тие се сошиени со микро-монистри и обоени во 80 различни нијанси на темно сина за визуелно да се создаде впечаток на тексас.
Од друга страна, Пичиоли испратил и вистински фармерки на пистата – рециклиран модел на Levi’s од 1966 година украсен за оваа пригода со златни извезени апликации.