Разводот не само што ја менува социјалната динамика на разделениот пар и нивните деца, туку влијае и на нивното пошироко семејство и пријатели.
Некои причини за тоа се оправдани и разбирливи, но има и промени во односите со пријателите и семејството за кои не можете да најдете јасна причина во даден момент.
Ако некогаш сте се нашле во таква ситуација, еве пет причини зошто женетите може да ги доживуваат разведените луѓе како закана во нивниот живот.
1. Нивниот брак не е толку одличен како што тие сакаат да биде
Личноста во проблематичен брак сигурно ќе се чувствува загрозена од вашиот развод. Зошто? Затоа што вие, разведената личност, може да ја претставувате сликата за нејзината/неговата иднина. Освен ако вашиот развод (што е ретко) поминал непречено и без триење, вашиот пријател не се радува потенцијално да помине низ истите болки и главоболки како вие. Не можете да им замерите, но наместо да се грижите дали разводот е „заразен“, можеби би било подобро да се фокусираат на бракот.
2. Ја изгубиле надежта во нивната врска
Ако вашиот брак можеби бил прекрасен, вашиот развод би можел да биде огромна загуба за луѓето кои навистина ви се восхитувале на вас и на вашиот поранешен партнер како двојка и сметаат дека сте голем столб на љубовта. Колапсот на таков брак влијае на луѓето да веруваат дека вечната љубов е невозможна мисија.
Постои еден вид скептицизам кој се појавува кога врската „умира“. Некои луѓе може да чувствуваат потрајна горчина во врска со прашањето за љубовта, додека други, иако сè уште се оптимисти дека љубовта е таму, може да ја изгубат дозата на романтичност што некогаш ја имале поради разочарување.
3. Тие се несигурни за себе
Несигурните луѓе може да се чувствуваат загрозени од вашиот развод затоа што мислат дека сакате да им ги украдете нивните партнери. Дали навистина може такво нешто да биде вистина?
Здравиот човек нема да сака туѓ партнер и, ако некој го загрижува фактот дека моментално сте сами и дека ќе го преземете неговиот партнер, проблемот не е во вас, туку во тој брак. Очигледно е дека постои недоверба во таква врска, а ако тоа го замисли вашиот пријател, тогаш таквата несигурна личност веројатно се чувствува загрозена од многу работи, не само од вашиот развод.
4. Нивните животни избори не се успешни
Има многу луѓе кои тивко или не толку тивко страдаат во лоши бракови. Поради вашиот развод, нивната одлука да останат во таква заедница ги соочува со чувство на неуспех. Вашата желба да се ослободите од лошиот брак може да ги натера да се чувствуваат глупави и обесправени. Луѓето генерално сакаат нивните избори да бидат дочекани како паметни и пофалени.
5. Се потсетуваат дека за добар брак е потребна работа
Вашиот развод е потсетник за сите дека бракот бара работа и многумина се премногу мрзливи за тоа. Самоуверените, среќни луѓе никогаш нема да се чувствуваат загрозени од туѓиот развод или кој било друг избор, бидејќи веќе се сигурни во своите. Несигурните, нестабилни и исплашени луѓе ќе го гледаат вашиот развод како напад на нивниот брак. Не обрнувајте внимание на тоа и продолжете да се дружите со самоуверени пријатели кои нема да ве гледаат со презир за вашата одлука.