СУДОТ ДОНЕСЕ ИТНА ОДЛУКА: Сопругата на Кевин Костнер мора да ја напушти семејната вила!

popara8 јули, 20231min00
Screenshot_1

Разводот на Кевин Костнер се претворил во вистински медиумски циркус, откако неговата сопруга одбила да се исели од нивниот заеднички дом, иако тоа било наведено во предбрачниот договор.

 

 

 

Секојдневно се појавувале нови информации кои фрлале ново светло на случајот. Иако на почетокот Кевин бил тој што го карактеризирале како негативец, сега работите се промениле, откако се дознало за разводот, поради што неговата наскоро поранешна сопруга не сакала развод.

 

Да потсетиме, актерот и неговата 19 години помлада сопруга се разведуваат по 18 години брак и 3 деца. Костнер инсистирал Кристин да се исели од заедничкиот дом, како што било договорено од почетокот на нивниот однос. Меѓутоа, таа одбила и останала во вилата на актерот, барајќи да се исполнат одредени услови. Актерот наводно во еден момент повикал полиција и имотни инспектори, како би ги избркал децата и сопругата од куќата, а овој потег изненадил многумина, со оглед на тоа што вилата не била единствената недвижнина што тој ја поседувал.

 

Инаку, Кристин барала од својот поранешен сопруг дури 248.000 долари месечно за алиментација. Ен-Би-Си Њуз објавиле дека поседуваат судски документи во кои Баумгартнер како причина за толкава алиментација навела дека само така таа и нивните тројца тинејџери би можеле да живеат како што биле навикнати досега. Нагласила дека тоа ќе им биде „едвај“ доволно и открила колку семејството трошело досега. „Го обиколивме светот со приватни авиони и престојувавме во луксузни хотели и вили“, навела таа и истакнала дека потрошиле речиси 26.000 долари за бродови, 22.000 за спа услуги и 542.000 за градинари.

 

Оскаровецот открил дека на сопругата веќе ѝ обезбедил 1,45 милиони долари со предбрачниот договор, но дека бил подготвен да плати повеќе пари, доколку тоа помогне да таа го напушти семејниот дом – но таа одбила. Меѓутоа, неодамна се појавиле судски документи до кои дошле „Пејџ сикс“, а во кои било наведено дека сметководителот на актерот утврдил како Кристин потрошила повеќе од 100.000 долари на пластична хирургија, односно естетски корекции, па оттука и сомневања во нејзините мотиви во барањата за поголема алиментација.

 

Според актерот, Кристин потрошила големи суми пари за купување облека, подигање кредити за недвижнини, плаќање адвокати и слични трошоци кои не биле никако поврзани со нивните деца. Сега кога судењето конечно завршило, а судот пресудил во корист на актерот, тоа значело дека Кристин Баумгартнер ќе мора да го напшти имотот во областа Санта Барбара до крајот на месецот.

 

Костнер го купил имотот пред нивниот брак, а со предбрачниот договор наводно било предвидено дека не само што таа треба да се исели од куќата во рок од 30 дена, туку и дека повеќе нема да живее на ниту еден негов имот доколку се разведат.

 

Судијата Томас Андерле го одбил барањето на Кристин да се исели од вилата до 15 август. Нејзиниот правен тим тврдел дека пазарот на станови во Санта Барбара ѝ ја отежнувал потрагата за новиот дом.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma