Засадете бел лук дома: Оваа здрава намирница може да ја јадете секој ден!

popara9 јули, 20231min00
shutterstock1191652063-830x0

Лукот е веројатно една од најздравите намирници во светот. На секое јадење му дава посебен вкус и има долга листа на здравствени придобивки.

Полн е со витамини и во исто време има малку калории. Го зајакнува имунитетот и може да помогне во борбата против настинката. Истражувањата покажаа дека ако го вклучите во вашата исхрана, можете да го намалите ризикот од болести и до 63 проценти! Овој совет особено може да им послужи на оние кои се склони кон настинки.

Исто така, му помага на телото ефикасно да го намали холестеролот и да го регулира крвниот притисок.

Освен сето ова, лесен е и за одгледување.

Главицата лук поделете ја на чешниња, па ставете ги со кората во влажна почва, но со „шилестиот“ дел свртен нагоре. И нема потреба целиот да го ставите под земја, оставете го врвот да биде надвор.

Кога ќе никне, внимавајте кога ќе се исуши горниот слој на почвата да ја полевате со доволно количество вода, но не премногу бидејќи не му треба многу вода. Наводнувајте го на секои два до три дена и чувајте го на помалку сончева светлина. Тие не треба да бидат директно изложени.

Околу лукот ќе расцутат цвеќиња, па можете слободно да ги отстраните за да не го нарушат растот на овој зеленчук.

Кога растението ќе има пет до шест лисја, лукот е подготвен за берба!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag