Прва помош при триење на бутовите во летните горештини – сите веќе ја имаме во чантата!

popara9 јули, 20231min00
62584200-zena-hoda

Летните горештини, кратката облека и голите нозе често не се најдобрата комбинација. Болното триење на бутовите ја „мачи“ речиси секоја жена затоа што не знаат дека првата помош можеби е во нивната чанта.

Многу често нема врска со зголемената тежина. Ретки се оние чии бутови не се допираат, а нивното триење е можеби најдосадното нешто што им се случува на жените кога живата на термометарот ќе надмине 25 степени.

А деновиве температурата е многу, многу повисока…

За среќа, постои едноставен начин да ја спречите оваа летна непријатност, која понекогаш е придружена со црвенило и осип.

Земете рол-он дезодоранс. Нанесете го наутро на внатрешните бедра и триењето ќе престане. Само погрижете се рол-онот да не содржи алкохол и алуминиум.

Дезодорансот делува како лубрикант, а исто така ќе ви овозможи чувство на удобност, доколку кожата на тие места е веќе иритирана. По првото нанесување, само неколку часа сте мирни, па пожелно е да го нанесувате уште неколку пати во текот на денот.

Покрај рол-он дезодорансот, речиси ист ефект има и сувиот шампон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma