СТУДЕНО ОСВЕЖУВАЊЕ: Домашен сладолед од чоколадо и малина за разладување во жешките денови

popara9 јули, 20231min00
58830_sladoled-shutterstock-1495497425_f

Состојки:

200 мл млечна неутрална павлака
150 гр шеќер
150 гр густ јогурт
1 ванилин шеќер
200 мл слатка павлака
100 гр чоколадо за готвење
150 гр малини + 1 лажица шеќер

Подготовка:

Неутралниот крем и шеќерот измешајте ги со миксер додека не се растопи шеќерот. Додадете јогурт, ванилин шеќер и измешајте. Слатката павлака се мати посебно со миксер. Полека измешајте го шлагот со јогуртот. Кога се ќе се соедини, поделете го на два дела. Во едниот дел измешајте ја растопената чоколада која малку сте ја изладиле. Во вториот ставете ги малините кои сте ги свариле со лажица шеќер 3-4 минути. Истурете во пластичен сад со капак и ставете го во замрзнувач преку ноќ да се замрзне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag