Овој тренд ги полуде ентузијастите за убавина: “Body slugging” како трик за длабоко хидрирана кожа

popara9 јули, 20231min00
1104_shutterstock-1682350864_f

TikTok често е лидерот на различни трендови, како во светот на модата и шминката, така и на темата грижа за себе. „Body slugging“ е само уште еден тренд за кој е одговорен TikTok.

Што е Body Slugging?

Овој тренд потекнува од Кореја и е најголемата тајна за длабоко хидрирана кожа, а е погоден за оние со најсува кожа. Техниката се состои од нанесување на тенок слој вазелин по вашата стандардна рутина за нега на кожата за да се задржи влагата и да се одржи кожата хидрирана.

Body Slugging: како и каде да го користите?

Трендот има многу следбеници, поради што постојат неколку верзии на овој тренд, вклучувајќи ги и оние поврзани со опаѓање на косата. „Body Slugging“ најчесто се користи на кожата на лицето, но безбедно е да се користи и на лактите, колената, стапалата, па дури и на рацете. Покрај тоа што ќе биде хидрирана, вашата кожа ќе добие и необичен сјај.

На нашата кожа ѝ треба посебна грижа сега кога често ги изложуваме нашите тела на сонце и носиме отворена облека и чевли. За да го направите body slugging трикот уште поефективен, грижата започнете ја со пилинг. Потоа нанесете ја омилената хидратантна крема на лицето, телото, рацете или стапалата и на крајот нанесете вазелин. Во случај на стапалата, можете да облечете и чорапи за производите да останат подолго на кожата.

@dr.farzan

@Vaseline Brand Vaseline Healing Jelly All-Over Body Balm Jelly Stick is a must-have for slugging! #slugging #dryskin #vaseline #vaselinepartner

♬ Stories – Lux-Inspira

Успешноста на оваа техника ја докажуваат само големиот број фанови кои ја испробале. Меѓутоа, доколку сакате да го испробате овој тренд, најдобро би било да се консултирате со експерт како дерматолог или козметолог за да избегнете алергиски реакции на некоја од состојките во вазелинот. Ако вашата кожа може да се справи со овие состојки, зошто да не? Испробувајќи го трикот, немате што да изгубите, а можеби и многу ќе добиете во овие сончеви денови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag