Зошто после работа треба да седнете во некој од градските паркови, барем на 20 минути?

popara9 јули, 20231min00
62582485-zena-sjedi-u-parku

Ако поминувате само 20 минути дневно во градски парк, ќе се чувствувате посреќни и позадоволни, а не мора ни да вежбате, покажува новото истражување на американските научници.

Студија сугерира дека градските паркови им овозможуваат на корисниците да се „нурнат“ во природата, што носи значителни физички и ментални придобивки, како што се намалување на стресот и закрепнување од ментален замор.

Резултатите од истражувањето на научниците од Американскиот универзитет во Алабама во Бирмингем беа објавени во International Journal of Environmental Health Research.

Посетителите на паркот во студијата пријавиле дека се чувствуваат многу подобро физички и психички откако биле таму, рече водачот на студијата Хон К. Јуен, додавајќи дека тој и неговите колеги откриле дека нивото на физичка активност на учесниците не е поврзано со подобрена емоционална благосостојба. Авторите на студијата велат дека дури и луѓето кои не можат да се занимаваат со лесни вежби поради старост или инвалидитет, имаат голема корист од престојот во градските паркови.

Повратните информации што ги добија од околу стотина испитаници ги наведоа научниците до заклучок дека зелените површини во урбаните средини промовираат емоционална благосостојба и дека треба да се создадат уште повеќе паркови и зелени површини во градовите.

Лошата работа е што градските власти и инвеститорите се повеќе ги заменуваат зелените површини во урбаните средини со станбени и деловни објекти. Иако научниците постојано презентираат сè повеќе докази за вредноста на градските паркови и зелените површини, за жал сè уште сме сведоци на сè помал број на такви простори, забележува коавторот на студијата Гевин Џенкинс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma