Добро, да бидеме искрени, кога последен пат сте ги исчистиле четките и сунѓерчињата за шминкање?
Како што е важно да ја одржувате хигиената на лицето, исто така треба да ја одржувате и хигиената на опремата што користите за шминкање.
Ако сте од оние кои редовно го прават тоа, примете пофалби. Ако не сте, прочитајте каква штета си правите со тоа, па научете како најлесно да ги исчистите инструментите што ги користите за шминкање.
На четките се собира остатокот од производот (пудра, течна основа, коректор, сенка, руменило…), мртви клетки од површинскиот слој кожа, мрснотии од кожата, прашина, влакна и други работи кои создаваат идеални услови за развивање на бактерии.
Ако вашите четки веќе ја немаат оригиналната боја на влакненцата, веќе е крајно време да ги исчистите. Со чиста четка или сунѓерче полесно ќе ги нанесете производите и ќе се осигурате дека не ѝ штетите на вашата кожа.
За помош во овој сектор секако се обративме кај бјути блогерките. Кејли Ноел и Никол Гереро ги споделуваат нивните трикови за чистење на четките и сунѓерчињата за шминкање: