Најголема грешка при слабеењето е денот да се започне на погрешен начин, смета д-р Сузан Пирс Томпсон, претседателка на Институтот за одржливо слабеење.
Говорејќи зошто е важно да се избегне тоа, за списанието „Плос 1“ таа наведе пет лоши утрински навики. Што не треба да се прави?
- Го преспиваме будилникот!
Недостатокот на сон го зголемува нивото на кортизол во телото, а тоа го зголемува и апетитот. Прекумерниот ноќен одмор, пак, исто така, има негативно влијание на телесната тежина. Докажано е дека луѓето кои спијат повеќе од 10 часа имаат повисок индекс на телесна маса од оние кои спијат 7-9 часа ноќе.
- Не ја креваме постелата од креветот?
Истражување на американската Национална фондација „Сон“ (National Sleep Foundation), покажа дека луѓето кои ја раскреваат својата постела секое утро, имаат 19 отсто поголема веројатност да имаат подобар ноќен сон отколку оние кои не го прават тоа наутро. А, на луѓето кои се наспани, не им требаат повеќе од вообичаените слатки и калорични извори на енергија во текот на денот, што позитивно влијае на фигурата и одржувањето на телесната тежина.
Можеби, на прв поглед, се чини смешно, но авторот на „Моќта на навиката“ (The Power of Habit), Чарлс Дуиг тврди дека луѓето што го местат креветот наутро, покажуваат и некои други навики „за пофалба“, како што се педантност, склоност кон пакување поздрав оброк за на работа, или кон поделотворна распределба на буџетот во домаќинството.
- Работиме доцна навечер!
Намерата да се спие до доцна претпладне и потоа, со спуштени завеси, Ви ги скратуваат позитивните ефекти на сончевата светлина врз телото. Испитувањата откриваат дека луѓето кои се изложени на утринско сонце имаат помал индекс на телесна маса отколку луѓето коишто не се, без оглед што и колку јадат. Како што се посочува, доволно да се минат 20 – 30 минути на дневна светлина за да ги почувствувате позитивните влијанија на природната утринска светлина.
- Не се мериме!
Истражувачи од Универзитетот Корнел, ги проучувале навиките на 162 жени и мажи со вишок килограми, во текот на две години. Анализата потоа покажала дека луѓето кои се мерат секое утро биле поуспешни во губењето тежина, затоа што така подобро го контролираат внесувањето храна за остатокот од денот. Студијата исто така покажа дека е најдобро да се измерите веднаш по будењето, бидејќи тогаш тежината е најмала во денот.
- Го прескокнуваме појадокот?
Луѓето коишто го започнуваат денот со урамнотежен оброк од 600 калории, имаат помала веројатност од ненадејни „напади на глад“, отколку оние кои јадат околу 300 калории протеини со малку маснотии и јагленохидрати. Истражувачите од Универзитетот во Тел Авив дојдоа до ова сознание и открија дека е полесно да се придржувате до калориските граници на денот, ако утрото го започнете со вистински појадок.