Фановите загрижени за здравјето на Деп: Настана вистинска паника кога Џони го виделе како оди со помош на помагало (ФОТО)

popara10 јули, 20231min00
Screenshot_3

Веќе неколку дена, Џони Деп е забележан како носи медицинска чизма, а исто така бил забележан како се служи со бастун. Дејли Мејл објави неколку фотографии кои ги загрижија сите обожаватели на актерот. Фановите се љубопитни да дознаат што му се случило на Џони, кој ретко се повредува до тој степен што му треба поддршка или медицинска помош.

 

 

 

На фотографиите објавени од Дејли Меил се гледа како Деп излегува од хотел во градот Манчестер и како ја носи медицинската чизма и оди со помош на бастун. Според написот, Џони Деп претрпел сериозно истегнување на глуждот додека изведувал негова музичка нумера.

Очигледно, на 60-годишна возраст, Џони повеќе не може да настапува толку живо како што го правеше тоа во минатото.

 

Деп тагуваше за смртта на легендарниот гитарист Џеф Бек кој беше негов пријател, а која се случи пред само неколку месеци, во јануари. Тој, исто така, вети дека ќе ја заврши турнејата што моментално ја прави со неговиот бенд во кој беше дел и Бек. Во моментов, турнејата продолжува во Англија, а претстојните настапи ќе се одржат во Скарборо, Свонси, Манчестер и Лондон. Деп ќе мора да ја преживее болката на стапалото за да настапува, но за сега нема индикации дека ќе има некакво откажување на турнејата односно на дел од закажаните концерти.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma