Trend alert: Веднаш ќе сакате да ги ископирате новите шишки на Ријана

popara12 јули, 20231min00
o_29717847_1280

Фотографирана среде креативен хаос, во магацин меѓу полиците каде тешко се наоѓа патот од изобилството шарени ткаенини, мегаѕвездата Ријана реши да претстави нова кампања и нова колекција долна облека за нејзиниот бренд Savage X Fenty. Пејачката и наскоро мајка на две деца пркосно позира во дводелен светло-црвен аутфит, за што доби милиони комплименти и лајкови на Инстаграм, па иако на долната облека не може да и се најде замерка, „главната ѕвезда“ се уште се новите шишки на Ријана.

Долгите шишки на Ријана делумно ѝ ги покриваат очите и благо се заоблуваат кон лицето. Како што потсетува британски Вог, стилскиот камелеон Ријана многупати играла со ножици, секогаш со интересни резултати. Се сеќаваме на нејзината пикси фризура, а потоа и легендарниот асиметричен боб. Најновата фризура делува едноставно и забележливо го освежи изгледот на Ријана. Клучот за нејзиниот најнов стил е токму должината на шишките – во централниот дел минуваат преку очите, слоевите на страните се малку подолги, што дава целосен впечаток на леснотија, идеален за сончеви денови и топли ноќи. Ви овозможува и промена на фризури, бидејќи само со префрлување на страна можете да постигнете поинаков, а сепак совршен летен изглед. Ријана повторно успеа во создавање на нов тренд и не се сомневаме дека летово ќе гледаме долги шишки насекаде.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma