Актерката Анџелина Џоли поднесе судски документи со кои ги оспорува тврдењата на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит, дека тој го основал нивниот бизнис со вино. Џоли тврди дека тој немал активна улога во лозарството и производството на вино и дека ја посетувал винаријата само за да се восхитува на работата на француските работници кои, како што тврди, го создале бизнисот.
Откако Пит поднесе тужба против Џоли поради наводната тајна продажба на половина од нивната винарија во Франција „Шато Миравал“, актерката поднела противтужба, нарекувајќи ги неговите аргументи „смешни“ во новите документи, пишува Page Six.
„Пит е актер, а не винар. Тој се занимава со илузии, а не со нечистотија и грозје“, навела Џоли во противтужбата, додавајќи дека Пит ја „ограбил“ винарската визба користејќи ги приходите за несериозни проекти, вклучително и реновирање на студиото за снимање.
Џоли и Пит ја купиле винаријата во 2011 година, а Пит во 2014 година објавил дека станал фармер и дека го интересира која земја е најпогодна за одгледување грозје, нивото на шеќер, киселоста на грозјето и времето на берба.
Во тужбата поднесена од актерот против неговата поранешна сопруга се тврди дека нејзината одлука да ја продаде својата половина се заканува да го уништи проектот во кој Пит „се вложил самиот“, и дека таа го продала својот удел во компанијата, спротивно на договорот што го направиле додека тие сè уште беа во брак, за да му се инаети откако нивниот брак пропадна.
Пит во судските документи изјавил дека тој и Џоли имале договор дека никогаш нема да го продадат својот дел од имотот вреден 30 милиони долари без одобрение од другата страна, но Пит преку медиумите во летото 2021 година дознал дека Џоли го продала својот дел на руски олигарх, кој тој претходно го одбил.
Тој тврди дека Џоли соработувала со Јуриј Шефлер во тајност, како и дека таа не сакала да му го продаде својот удел на Пит бидејќи тој сакал заедничко старателство над децата.