Парчиња со етикета „демоде“: Ако мислевте вака да се облечете за на плажа, подобро немојте

popara12 јули, 20231min00
59111_shutterstock-1585851085_f

На одмор најмногу се носат светли бои за да се заштитите од горештините, но доколку не знаете како да ги комбинирате, тогаш подобро е да изберете мирни тонови

Модата на плажа се менува секоја сезона, па оваа година светските ѕвезди гордо ги покажаа своите заносни тела во нивните омилени модели. Но, што не се препорачува за на плажа летово 2023 година, а тоа се парчињата со етикета „демоде“, открија стилистите…

Парео со шарен дизајн

odeća

На одмор најмногу носите светли бои за да се заштитите од горештините, но доколку не знаете како да ги комбинирате, тогаш подобро е да изберете мирни тонови. Парео не е најдобрата опција за на плажа доколку сакате да бидете во тренд. Наместо тоа, во тренд се туниките од лесна ткаенина, а проѕирните, хеклани фустани се апсолутен хит ова лето.

Животински принт

Тешко е да се носи животински принт на плажа без да изгледате малку евтино. Наместо фустани и костими за капење со леопард принт, побарајте поедноставни, посмирени дизајни. Ќе ги скријат недостатоците, доколку ги имате, а ќе можете да ги носите и во следните сезони, бидејќи едноставноста никогаш не излегуваат од мода.

Гумени апостолки

Апостолките воопшто не се најмудриот избор за на плажа и покрај тоа што се лесно достапни и можете да ги купите дури и во супермаркет. Освен што не обезбедуваат поволна анатомска потпора за стапалото, кога ќе се намократ, може да создадат и плускавци, па затоа е подобро да изберете папучи од природни материјали.

odeća

Микро шорцеви

Минијатурните шорцеви кои се носеа претходните сезони, особено тексасните, сега се „аут“. Освен што се непријатни, тие тешко се сушат и затоа постои голем ризик да „добиете“ инфекција кога сте постојано мокри. Подобра опција се секако бермудите од лен или некоја друга природна ткаенина, со или без принт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag