МОЖНО Е ЦЕЛ ЖИВОТ ПОГРЕШНО ДА ЈАДЕМЕ ЧОКОЛАДО: Ќе се изненадите кога ќе слушнете зошто – пред првиот залак сите го прават ова!

popara12 јули, 20231min00
cokolada

Омилено уживање кое, велат експертите, го консумираме на погрешен начин. Ова го докажа една од студиите во која тие открија дека можеби во текот на целиот живот јадеме чоколадо на погрешен начин. Во истражувањето на 78 испитаници, мнозинството изјавиле дека чоколадото го чуваат во фрижидер пред употреба. Тоа е сосема погрешно, бидејќи оптималната температура на која се чува е 18 степени Целзиусови. На таа температура го дава својот вистински и полн вкус.

Препораката на експертот е да се зема по коцка чоколада која се топи во устата и дека никогаш не треба да ја џвакате. Кога чоколадото постепено ќе се стопи во устата, тогаш сите рецептори за вкус можат да ја препознаат нотата на путер и вистинскиот вкус на чоколадото. Се препорачува да се консумира наутро, помеѓу 9 и 11 часот.

“Чоколадото е деликатес со комплексен вкус. Ако го јадеме наутро и попладне, тоа може да биде дури и ужина што ни помага да продолжиме да работиме со многу енергија. Ова го намалува гладот ​​до ручек”, вели Натали Алибранди, лидер од тимот на научници кои се занимаваат со храна и пијалоци со седиште во Лондон и Холандија.

Експертите препорачуваат чоколадото да се зема во мали количини, за да се избегне стимулирање на рецепторите. Корисно е да се комбинира со друга храна. На пример, млечното или белото чоколадо убаво се комбинира со горчлива храна. Студијата објавена во „The Journal of Nutrition“ сугерира дека јадењето чоколадо може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол.

Научниците од Харвард истакнаа дека пиењето две шолји топло чоколадо во текот на денот може да го одржи нашиот мозок поздрав и да ја подобри меморијата кај постарите луѓе. Го стимулира протокот на крв во одредени делови од мозокот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma