Наизменичното постење, или fasting, се здоби со значителна популарност како метод за губење на вишокот килограми.
Конзумирање храна во рок од осум часа и строг пост во следните 16 часа е правило кое многумина го следат, но не секој ги добива посакуваните резултати. Мнозинството луѓе навистина успеваат да ослабат, но има и такви кои се дебелеат за време на постот, пишува „Newsbeast“.
Откривањето на грешките и нивното коригирање може да ви помогне да ги максимизирате придобивките од наизменичното постење и всушност да ги изгубите вишокот килограми.
1. Јадете премногу
Една од најчестите грешки со наизменичното постење е прекумерното внесување храна во рок од осум часа или шест часа во текот на денот.
Од витално значење е да одржувате избалансиран и умерен пристап кон исхраната и за време на постот и кога ќе се вратите на вашиот нормален режим.
Внимателно избраната храна богата со хранливи материи и контролата на големината на порциите се неопходни за да се избегне прејадување и потенцијално зголемување на телесната тежина. Не заборавајте: сумо борачите јадат само еднаш дневно, а сепак имаат прекумерна тежина.
2. Јадете нездрава храна
Доколку сакате да ослабете и сте решиле да постите, треба да го земете предвид и изборот на храна што ќе ја јадете во рок од шест или осум часа.
Тоа што имате помалку време за јадење во текот на денот не значи дека ви е дозволено да јадете брза храна, слатки, грицки, колачи…
Јадете овошје, зеленчук, цели зрна, месо, риба, здрави масти и млечни производи кои се полни со есенцијални хранливи материи и ве одржуваат сити.
3. Ја игнорирате хидратацијата
Многу луѓе забораваат да и дадат приоритет на хидратацијата за време на наизменичното постење. Соодветниот внес на вода е од суштинско значење за целокупното здравје и контрола на тежината. Исто така, водата може да помогне да се намали чувството на глад, да се подобри варењето и да се спречи прејадување.
Погрижете се да пиете доволно вода во текот на денот, како за време на постот, така и во временската рамка во која ја консумирате храната.
4. Не вежбате
Занемарувањето на физичката активност е честа грешка што може да ги попречи вашите напори за слабеење за време на наизменичното постење.
Редовното вежбање не само што помага во согорувањето на калориите, туку и за одржување на мускулната маса и забрзување на метаболизмот. Најдете активности кои ве задоволуваат и вклучете ги во вашиот секојдневен живот.