Маргот Роби, 33-годишната актерка која игра една од најпознатите кукли во светот во новиот филм на Грета Гервиг „Барби“, покажа дека е во врвна форма во смелиот сатенски корсет фустан без прерамки во кој беше ѕвезда на премиерата во Лондон.
Предизвикувачкиот мини фустан го искомбинирала со тенки сандали на потпетица, исто како што би носела и самата Барби, а гламурозниот стајлинг го заокружила со крената коса во пунџа и пристојна шминка. Покрај Маргот и Рајан Гослинг како Кен, во филмот играат и Дуа Липа, Америка Ферера, Иса Реј, Хари Неф, Симу Лиу…