За чистење на забен камен ќе ви требаат лимон, сол, паста за заби и лук.
Сите стоматолози препорачуваат одвреме-навреме да одите во ординација, не само за контрола, туку и за чистење на забниот камен.
Меѓутоа, доколку знаете дека забите ви се здрави, а немате многу време да посетите стоматолог само поради забниот камен, третманот можете да го направите и дома.
Потребно ви е:
– 2 чешниња лук
– лажичка сол
– сок од половина лимон
– лажичка паста за заби
Постапка:
Изрендајте го лукот, посолете, па додадете ги сокот од лимон и пастата за заби. Со оваа смеса тријте ги забите еднаш неделно и секако ќе го продолжите времето помеѓу две посети на стоматолог.