Една недела откако принцезата Кејт го разубави централниот терен на Вимблдон со тоа што седна во кралската ложа, кралицата Камила се појави на тенискиот Грен слем турнир.
Сопругата на кралот Чарлс Трети носеше бел фустан во Ол Ингланд клубот, пренесе „АР“. Кога пристигнала во клубот, Камила ја дочекале момчиња и девојчиња кои трчаат низ теренот бркајќи залутани топки откако ќе се сервира погрешен сервис.
Првиот меч на Централниот терен беше реприза од минатогодишното женско финале, каде бранителот на титулата Елена Рибакина играше против Онс Џабер во четвртфиналето.
Во следниот натпревар, првиот носител Карлос Алкараз треба да се соочи со Холгер Руне за место во полуфиналето. Кејт, принцезата од Велс, седна во кралската ложа на вториот ден од турнирот.
Во ложите резервирани за кралското семејство и познатите личности, ќе седат и Дејвид Бекам и членовите на англиската фудбалска репрезентација кои се повредени и ќе го пропуштат Светското првенство за жени.
Покрај кралицата Камила, на натпреварите треба да присуствува и принцот Алберт Втори од Монако, син на покојната Грејс Кели и принцот Рение Трети.