Блесна на премиерата: Фустанот на Никол Кидман со интересно деколте го запира здивот (ФОТО)

popara14 јули, 20231min00
Screenshot_14

Актерката Никол Кидман сака да ги поместува границите и да експериментира со модата, па на премиерата на филмот „Special Ops: Lioness“ одржана во Лондон дојде во фустан со интересно деколте кое „го запира здивот“. Покрај тоа што глуми во филмот, Никол е и извршен продуцент на шпионскиот трилер инспириран од реална американска воена програма.

 

 

 

Никол Кидман во филмот „Special Ops: Lioness“ ја игра Кејтлин Мид, висок надзорник на ЦИА со долга кариера во политиката и искуство во политички игри. На премиерата одржана во познатата национална галерија Тејт Британија во Лондон, оскаровката дојде во елегантен црн вечерен фустан Saint Laurent на Anthony Vaccarello.

Долгата креација, сошиена од материјал налик на шифон, има отвор под градите кој достигнува речиси до папокот, детаљ кој ги откри стомачните мускули на актерката. И горниот дел од фустанот е украсен со роза, а на пределот на рамената има додаток во стилот на долга наметка.

 

Класичниот елегантен црн фустан, кој интересното деколте го прави поинаков и посебен, Никол го искомбинирала со проѕирни ракавици до лактите и црни сандали со ремчиња и тенка висока потпетица. Накитот беше минималистички и таа носеше само суптилни блескави обетки.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag