Фустан кој го одзема здивот: Сите комбинации останаа во сенката на овој фустан обложен со ножеви

popara14 јули, 20231min00
o_29731083_1280

Филмот „Барби“, за најпознатата кукла на светот, од ден на ден ги сели своите протагонисти во други земји и градови, а секоја премиера и црвен тепих е можност актерите и гостите да си играат со имагинативни креации – онакви какви што Куклата Барби би носела.. Деновиве се одржа и лондонската премиера, а меѓу најлудите креации се издвои онаа на актерката Хари Неф, која целосно ја игнорираше розовата боја како „must have“ и ја облече – црна, готска облека излепена со ножеви за прибор за јадење. Фустанот „Joan’s Knives“ е креација на турско-британската дизајнерка Диларе Финдикоглу, која таа ја претстави за време на лондонската модна недела во февруари, но никој до сега не ја облекол на црвениот тепих.

image

Се додека актерката Хари Неф не реши да оди против сите и наместо прекрасни фустани на премиерата, носеше таков кој носи силна порака. Имено, како што објасни дизајнерот, фустанот е инспириран од приказната за Јованка Орлеанка, на која и се судело за неколку наводни злосторства, меѓу кои и облекување како машко. „Во мојата приказна, таа се враќа од својата пепел, облечена во она што го сака, оклоп што го направила со викторијански ножеви. Фустанот е дел од колекцијата инспирирана од жените кои ја враќаат контролата врз сопственото тело, инспирирана од протестите на Махса Амини во Иран, негодувањето поради контроверзниот биографски филм за Мерлин Монро и општото чувство дека светот ги одзема правата на жените на нивните сопствената индивидуалност. Соодветно, колекцијата е наречена „Not a Man’s Territory“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag