Вклучете ги во вашата секојдневна исхрана!
Во нашето тело има 30 трилиони бактерии, главно добри. Тие се издржливи и отпорни на киселините на дигестивниот тракт.
Овие бактерии влијаат на здравјето и имаат антиинфламаторна улога, го зајакнуваат имунитетот и го подобруваат варењето. Сепак, може да има дисбаланс на добри бактерии што го предизвикуваат дебелина, дијабетес, нездрави навики во исхраната и употреба на антибиотици.
Доброто е што со конзумирање одредени намирници можеме да ја подобриме бактериската флора, односно со помош на природни пробиотици.
Пробиотиците се живи микроорганизми – бактерии или квасци, кои можат да се најдат во:
- Кисела зелка – неверојатно е богата со добри бактерии, се прави со ферментирање на зелката со бактерии кои создаваат млечна киселина (лактобацили). Една чаша кисела зелка содржи околу пет трилиони бактерии.
- Јогурт – најпознат извор на пробиотици и содржи бактерии како lactobacillus orbifidobacteria
- Јаболковиот оцет е одличен пробиотик, но треба да внимавате на количината, најдобро е да го комбинирате со салати.
- Кефир – содржи симбиоза на голем број добри млечно киселински бактерии и квасци.
- Сирења – природни пробиотици може да се најдат во сирењата како моцарела, чедар, гауда.