За време на топлите денови не ни се потребни многу производи за да ја истакнеме убавината на лицето. Доволно е малку бронзер и/или руменило, сјај за усни и неизбежната маскара, особено ако имате кратки трепки.
Можете да добиете нагласен изглед и без најпопуларниот lash lift.
Еден трик стана вирален преку ноќ токму затоа што ви дава долги, свиткани трепки, а веројатно веќе имате се што ви треба. Секако, станува збор за семоќниот вазелин кој чини околу 100 денари.
Тенок слој вазелин треба да се нанесе на меката подлога на виткачот за трепки и едноставно да ги свиткате трепките како што обично би правеле. Откако ќе ги извиткате трепките, само исчешлајте ги со чиста четка за правилно распоредување на вазелинот.
Постапката можете да ја повторите уште еднаш за подраматичен ефект и сами ќе се уверите колку ќе ви бидат свиткани и поизразени трепките.
Можете да користите и друг метод – да нанесете слој вазелин директно на трепките, па дури потоа да ги свиткате. Сепак, не се сите љубители на второто затоа што е лесно да се нанесе премногу вазелин, што подоцна може да ви пречи.
Еден TikToker го направи процесот уште полесен со тоа што зема празно шише, како она за маскара. Во него ставила вазелин и сега пред да ги витка, со четка за маскара го нанесува директно на трепките.
Овој трик е ултра популарен, па сигурни сме дека вреди да се проба.