Почна снимањето на првите сцени од хит филмот: Хју Џекмен се враќа во популарната улога

popara15 јули, 20231min00
o_29751355_1280

Австралискиот актер, 54-годишниот Хју Џекмен беше забележан како ги снима првите сцени за неговата очекувана улога во „Deadpool 3“ заедно со Рајан Рејнолдс. На една британска плажа, овие холивудски ѕвезди снимија епска сцена во костимите на нивните легендарни ликови на Марвел. Австралиската ѕвезда се враќа во улогата на Вулверин во претстојното продолжение на „Deadpool“, откако глумеше во осум филмови на „X-Men“ од 2000 до 2016 година, а последен пат беше виден како Вулверин во „Logan“ од 2017 година. Тој тогаш рече дека никогаш нема да ја повтори улогата, но се чини дека успеале да го убедат.

image

Џекмен бил во својот жолт костим на Вулверин додека бил виден како се бори со 46-годишниот канадски актер Рајан, кој во еден момент висел на висока жица. Изгледа дека продукцијата на третиот филм за Deadpool е преместена во Британија за Рајан да може да ги исполни своите обврски со велшкиот фудбалски клуб Wrexham FC, кој се врати во англиската фудбалска лига во април оваа година откако Рајан и актерот Роб Мекелхени го купија клубот.

Во третото продолжение, Дедпул ќе ја користи машината за патување низ времето на Кејбл за да го спаси Вулверин пред да умре во 2029 година и да заврши изгубен во Мултиверзумот. Додека се таму, ќе ги гони Мобиус, кој има пристап до технологијата за патување низ времето.

Меѓу оние кои ќе глумат во филмот е и Ема Корин од серијата „The Crown“, која ќе го игра негативецот. Рајан по тој повод твитна: “Нов додаток во семејството! Семејството Дедпул, да бидеме јасни. Кое е како вистинско семејство само со помалку пцовки… Добредојде, Ема Корин!”. Тој претходно потврди дека датумот на премиера на филмот е 6 септември 2024 година.

Ликовите на Рајан и Хју, Вејд Вилсон и Логан веќе се бореа во филмот „X-Men Origins: Wolverine“ од 2009 година, кој заработи 373,1 милиони долари на бокс офисот.

Што се однесува до „Deadpool 3“, покрај гореспоменатите актери ќе се појави и Џенифер Гарнер, која ќе ја повтори улогата на Електра. Американската актерка првпат го глумеше убиецот на Marvel Comics пред 20 години во 2003 година во филмот Daredevil заедно со нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек. Подоцна глумеше во нејзиниот сопствен спиноф филм, Електра, во 2005 година, но тој не беше успех на бокс офисот. Според неколку американски медиуми, Џенифер ќе се врати во улогата во третиот дел од популарната франшиза за антихеројот на Рајан Рејнолдс. Двојката претходно работеше заедно на филмот на Нетфликс од 2022 година „The Adam Project“, кој го правеше режисерот на „Deadpool 3“, Шон Леви.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma