Похуван сендвич од тиквички! Кашкавалот кој се топи му дава посебен вкус (ВИДЕО)

popara15 јули, 20231min00
729453_screenshot-1_m

Дали сте гладни и не знаете што да јадете? Тогаш може да подготвите похуван сендвич со тиквички.

Состојки:

3 тиквички

150 гр шунка

150 гр тврд кашкавал

2 јајца

брашно

презла

Подготовка:

Тиквичките исечкајте ги на кришки по должина, па секоја преполовете ја. Посолете ги и оставете ги малку да се исцедат, а потоа добро исушете ги со крпа.

Потоа на едната половина од тиквичките ставете шунка и кашкавал и покријте со другата половина. Извалкајте ги во брашно, па во изматени јајца, па во презла. Пржете на врело масло.

Пријатно!