Жена која целосно ја исполнува титулата што ја носи со својот карактер, изглед, манири и моден стил, вистинска принцеза за каква што читавме како деца, Кејт Мидлтон не пропушта важни настани. Честопати се прашуваме како постигнува се, од модните писти до палатите на разни светски државници, од палатата до спортските терени…
Кралското семејство будно го следи овогодинешниот тениски турнир, а најголемо внимание привлекува како и секогаш убавата принцеза од Велс.
Кејт денеска се појави во едноставен, софистициран ансамбл со класичен крој кој ја истакна нејзината витка фигура.
Виолетова машна, бисерни обетки, златна нараквица и дијамантски прстен дополнително ја истакнаа оваа модна комбинација.
За да ја разбие пастелната палета на бои, Кејт носеше црни очила.
Собрана коса, малку шминка и голема насмевка на нејзиното лице се заштитен знак на оваа инспиративна жена.