Во текот на летото, повеќето луѓе одат на море, уживаат во сончање и релаксација на плажа
Дали и колку морската вода и солта што ја содржи ни помагаат во редовното хидратирање на кожата? Експертите знаат.
– Нема медицински докази за ова. Меѓутоа, многу луѓе кои одат на море и имаат проблем со акни, воспалителни состојби или слични работи, гледаат подобрување на нивната кожа кога ќе се вратат од одмор – вели дерматологот Џенифер Холман.
Зошто морската вода може да биде добра за кожата?
– Морската вода може да биде одлична за кожата. Може да има и терапевтски придобивки, но тоа зависи од вашиот индивидуален тип на кожа, како и од состојбата на морската вода, вели доцентката по дерматологија Елизабет К. Џонс.
Морската вода содржи магнезиум, калиум, калциум и цинк, минерали кои може да имаат одредени придобивки. Некои од нив, особено магнезиумот, може да помогнат да се намали воспалението. Поради оваа причина, морската вода може да биде корисна за одредени кожни заболувања како егзема или псоријаза.
Холман посочи на една студија од 2016 година која ги разгледува придобивките од длабоката морска вода, која всушност открива дека може да го намали воспалението.
Морската вода е и пилинг
Џонс истакна и дека солта во морската вода исто така може да помогне да се ослободите од грубата кожа која се наталожува со текот на времето, а потоа ви ја „дава“ новата, мазна кожа одоздола. За сето ова придонесува и песокот, кој може да се смета за еден вид пилинг.