Џенифер Лопез ја однесе својата ќерка Еми на ручек во популарниот ресторан во Лос Анџелес Mauro Cafe. Како што обично се случува кога станува збор за тинејџерите, 15-годишната Еми не се одвојувала од мобилниот телефон. Џенифер неодамна во едно интервју зборуваше за предизвиците на родителството.
„Тинејџерските години се тешки. Децата почнуваат да ве предизвикуваат. Еден момент имаш бебе кое е како твојата најдобра другарка и сака постојано да е со тебе, а потоа одеднаш ти вели: Излези од мојата соба. Ова е време кога тие ја изразуваат својата индивидуалност, прашуваат за сè што правите и кои сте вие. И тоа е тоа. Се чувствувам како да сурфам. Како да сум на брановите, паѓам и пак станувам“, рече таа.
Судејќи по фотографиите, изгледа дека латино дивата е прилично ладнокрвна или едноставно премногу чувствителна на климатизирани простори. Имено, и покрај многу високите температури кои моментално владеат во Лос Анџелес, Џеј Ло била облечена во топол дуксер од подебел материјал, а на стапалата имала чизми до глужд.
Се разбира, модел достоен за дива. Таа избра чизми до глужд од заедничката колекција на брендот Timberland и познатиот дизајнер на чевли Џими Чу.
Со негова помош, Timberland го претвори својот класичен модел на чизми до глужд во вистински мал спектакл и го украси со кристали Сваровски.
Избраните парчиња облека и чизми до глужд ги надополни со ефективен златен накит, капа во неутрална нијанса и минијатурна чанта Le Chiquito од популарниот француски бренд Jacquemus.