Психолозите и експертите се согласуваат дека овој потег во врската е многу поважен отколку што се мисли.
Ако партнерот направи нешто лошо, на пр. не одговара на повикот, немојте веднаш да го преанализирате. Ако се работи за мала грешка, немојте да ја анализирате бидејќи постојаното испрашување може сериозно да ја оштети врската, советува Ели Џеј Финкел, авторка на „The All or Nothing Marriage“.
Покрај тоа, додава дека несреќните парови автоматски ги припишуваат проблемите како што се пропуштените телефонски повици на внатрешните недостатоци на нивните партнери.
– Таквите луѓе веднаш мислат дека партнерот е себичен и воопшто не размислува на нив, а забораваат дека можеби имал напорен ден на работа. Кога нешто ќе тргне наопаку, не реагирајте бурно, туку размислете и ставете се на местото на партнерот. Немојте веднаш да ја префрлате вината – вели професор по психологија на Универзитетот Нортвестерн. Како клуч за успешна врска тој го споменува и допирањето и држењето за рака.
– Многумина не ни помислуваат на важноста на допирот за врската. Луѓето кои се држат за рака или нежно се допираат во јавност се посамоуверени и нивните бракови се посилни. Затоа е важно да го допрете партнерот за да му покажете дека го сакате – истакнува Финкел. Тој советува и еднаш неделно да запишувате неколку работи кои партнерот ги направил за да ве направи среќни, пренесува „24sata.hr“.
– Тоа може да ја зајакне врската. Некои сфатија колку е посветен нивниот партнер дури кога ги ’собраа’ неговите добри дела на едно место, односно на хартија – вели психологот Ели Џеј Финкел.