Мајка од Сиднеј сподели тајна која ќе им го олесни животот на сите домаќинки
Една од најголемите мистерии на сите домаќинки е исчезнувањето на чорапите во машината за перење.
Колку и да се трудат внимателно да го отстранат секое парче облека, вклучително и чорапите, обично барем едно „исчезнува“ при перење, а потоа со текот на времето машината за перење се расипува, бидејќи го „проголтала“ чорапот.
Истиот проблем го имала и една мајка од Сиднеј, а потоа пронашла трик кој го сподели на социјалната мрежа „Фејсбук“.
– Набавете мрежести кеси за секој член од семејството и ставете ги валканите чорапи во нив. Затворете ги кесите пред да ги вметнете во барабанот на машината за перење. Кога машината ќе го заврши циклусот на перење, едноставно извадете ги кесите за чорапи и ставете ги во машината за сушење. На тој начин ниту едена чорап нема да се изгуби – советува оваа мајка, а пренесува „Mirror“.
Ако, пак, немате машина за сушење алишта, сигурно ќе ви биде лесно да ги извадите чорапите од кесите и да ги закачите со штипки на жицата за сушење. Притоа ќе го продолжите животниот век на машината за перење, бидејќи чорапите нема да се изгубат и да завршат во нејзината „утроба“.