Со овој рецепт ќе ги воодушевите семејството и гостите со неговата едноставна подготовка и одличниот резултат.
Состојки:
три поголеми јајца
седум лажици шеќер
десет лажици млеко
осум лажици масло
седум лажици брашно
три лажици гриз
кесичка прашок за пециво
500 гр исчистени кајсии
шеќер во прав
Подготовка:
Измешајте ги брашното, гризот и прашокот за пециво. Белките со шеќерот изматете ги со миксер, а жолчките со млекото и маслото. Во смесата со жолчките додадете ја смесата со брашно, а потоа и изматените белки. Лесно соединете со шпатула и истурете во калап обложен со хартија за печење. Во тестото ставете ги сечканите кајсии и печете во рерна на 170 степени 15-20 минути. Изладете, посипете со шеќер во прав и послужете.
Пријатно!