Прекрасната Меган предизвика возбуда со новите брутални кадри што ги сподели со своите верни обожаватели
Меган Фокс (37) со најновите фотографии на Инстаграм вели дека се вратила во природата. Таа позираше на дрво во минијатурно бикини чиј долен дел беше речиси невидлив, а жешките кадри предизвикаа лавина од коментари.
– Ако така изгледа диво животно, би го оставил да ме нападне – коментираше нејзиниот вереник Машин Ган Кели на експлицитните фотографии.
На фотографиите Меган во зелено бикини лази по гранка од дрво, а се гледаат само тенки ленти кои создаваат впечаток дека е гола.
На една фотографија Меган го прегрнува дрвото додека седи на друга гранка и гледа во дивината, а косата и е разлетана од ветрот.
– Шумата е мојот најстар пријател – напишала Меган во описот на објавата.
Според пишувањата на странските медиуми, Меган позирала за нова кампања за костими за капење, обидувајќи се да го отелотвори ликот на Џејн од анимираниот филм „Тарзан“.
Остриот поглед и виткото телобеа и тоа како забележливи. Ниту нејзините многубројни обожаватели не останаа рамнодушни на предизвикувачките фотографии од убавата актерка. Но, имаше и такви на кои ваквата објава им беше премногу вулгарна, па ја осудија…